26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple оваа година ќе го „убие“ iPhone X?

Apple оваа година ќе го „убие“ iPhone X?

Смартфонот на „iPhone X“ на „Apple“ најверојатно ќе биде запрен оваа година, според аналитичарот цитиран од „CNBC“.

Коментарот му е поврзан со веста дека „Taiwan Semiconductor Manufactoring“ (TSMS) ја ревидира целта за годишни приходи во нискиот опсег на својата прогноза. Тргувањето на компанијата заврши во петок со пад на цената од 6,3%.

Едно од најголемите грижи на Нил Кемплинг, еден од раководителите на тимот фокусиран во технологијата во „Mirabaud Securities“, е предлагањето на чипови. „Никогаш не е повисоко“, вели Кемплинг во белешка за клиентите на неговата компанија. Неговата компанија ги следи податоците на „TSMC“ повеќе од една деценија.

Сегашната ситуација со производителот на чипови предизвикува загриженост меѓу инвеститорите за „AMS“, главниот снабдувач на „3D“ сензор технологијата на „Apple“ за „iPhone X“. Овие сензори се клучни за функцијата „Face ID“, која овозможува отклучување на телефонот преку препознавање на лицето.

Рекордните инвентарни нивоа на „TSMC“ се должат на фактот дека „Apple“ не купува компоненти за идни примероци на „iPhone X“, што укажува дека уредот ќе биде „убиен“ оваа година, коментира Кемплинг.

Зошто дојде до проблемите со инвентарот според експертот? „Бидејќи „iPhone X“ е мртов“, пишува тој во својата белешка. Според неговите зборови, проблемот е што телефонот е премногу скап. Тој чини 999 долари.

„Потрошувачите го свртуваат грбот на скапите телефони“, вели тој.

Од „Apple“ не одговорија на барањето за коментари од „CNBC“.

„iPhone X“ имаше тежок пат до пазарот. Премиерата му беше одложена по објавениот датум во минатата година, а неодамнешен напис во „Nikkei“ претпоставува дека „Apple“ ги намалила целите за производство на телефонот.

По резултатите на „TSMC“ голем број аналитичари предупредија дека продажбата на „iPhone“ за првиот квартал ќе се под очекувањата. Во јануари, аналитичарот Мин-Чи Куо, кој го следи „Apple“, рече дека „iPhone X“ може да биде стопиран во текот на летото.

Нови телефони?

Кемплинг очекува „Apple“ да издаде неколку нови телефони на „iPhone“. Еден ќе биде евтин модел за околу 500 долари. Друг ќе понуди слот за две „SIM“ картички, што е популарен избор за компаниите на азискиот пазар.

Друг нов „iPhone“ може да вклучи некои работи што ги познаваме од „iPhone X“, но тој ќе биде по пониска цена.

Во меѓувреме Куо објави кон крајот на минатата година, дека во 2018-та година се очекува „Apple“ да пушти три нови модели на „iPhone“, што ја повторува прогнозата на Кемплинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП