26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае...

Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 мај.

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април. На веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата.

Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици.

„На земјоделците во програмата за 2018 година на располагање им се 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Запазувањето на рокот за аплицирање е важно за да може навреме да се обработат барањата и навреме да исплатат субвенциите. Од 2018 година се воведуваат нови мерки за директни плаќања. Дел од нив, се повисоки субвенции и нов модел на субвенционирање во три нивоа за тутунот, 20 отсто повисоки субвенции за растителното производство, односно градинарство, овоштарство, лозарство за земјоделците со потенцијал за развој, директните плаќања во сточарството нудат 10% повисоки суми за истата целна група, 30% повисока поддршка за промена на типот на производство и тоа промена од житни култури во градинарски култури, овошни култури и лозови насади, за вкупни површини помали од 5 хектара, 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади заради промена на сортна структура и други“, соопшти Министерството.

Во програмата е предвидена и ставка за исплата на обештетувањата од временските непогоди што се случија во 2016 и во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП