24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Копачите“ губат пари при цена на биткоинот под 8.600 долари

„Копачите“ губат пари при цена на биткоинот под 8.600 долари

Ако цената на биткоина не се врати барем на ниво од 8.600 долари, „копачите“ на виртуелната валута ќе продолжат да се во загуба, покажа анализата на банкарската институција „Morgan Stanley“.

Во времето на подготовка на материјалот биткоинот се тргуваше за малку над 8.300 долари, покажуваат податоците на „CoinMarketCap“.

Од почетокот на годината криптовалутата „лута“ околу ова ниво на цените, откако се распадна од рекордни нивоа кога се доближи до границата од 20.000 долари на крајот на минатата 2017-та година.

„Се проценува дека критичната точка за големите „копачи“ треба да е 8.600 долари, дури и ако сметката е на база многу ниски трошоци за електрична енергија (0.03 долари за kw/h)“, посочуваат Чарли Чен и неговиот тим, пренесува „CNBC“.

Според аналитичарите, тоа ќе доведе до пад на побарувачката на хардвер за добивање на криптовалути што ќе влијае и во опаѓањето и на цените на процесорите и графичките картички.

Во позадина на ова, тајванската компанија за производство на полупроводници „Taiwan Semiconductor Manufacturing“ објави дека ги намалува прогнозите за раст на приходите во текот на оваа година до зголемување од 10%. Претходната прогноза беше за раст од 10-15% поради силна побарувачката на хардвер за „копачите“ на виртуелни валути.

Според податоците на „Morgan Stanley“, околу 10% од приходите на азискиот производител на хардвер се должат на продажбата на производи за добивање на криптовалути.

Копањето на биткоинот се врши со компресија на компјутерската пресметковна моќ при решавање на сложени математички равенки. „Копачите“, всушност, ги поддржуваат блок-системите, кои стои зад биткоинот, со своите машини, како резултат на трансакции на мрежата, тие се наградени со производството на биткоинот.

Големите групи „копачи“, главно во Кина, работат заедно за да ја подобрат нивната ефикасност. Но, колку повеќе „копачи“ се појавуваат, толку потешко е да се добијат биткоини.

„Ние веруваме дека зголемувањето на капацитетот за екстракција ќе ги зголеми проблемите поврзани со копањето во 2018-та година“, напиша „Morgan Stanley“.

„Дури и ако цената на биткоинот останува на сегашното ниво во 2018-та година, веруваме дека профитот од производството на виртуелната валута брзо ќе падне, според нашите симулации“, рече банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП