27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Во што инвестираат Русите во Велика Британија?

График на денот: Во што инвестираат Русите во Велика Британија?

Девет од 25-те Руси според Индексот на милијардери на „Bloomberg“ имаат акции во најмалку една актива во Велика Британија. И не станува збор за било какви и да е средства – листата вклучува сопственост на најголемата приватна резиденција во Лондон (По Бакингемската палата), како и на фудбалските клубови Челзи и Арсенал.

Слични имот се симбол на впечатокот што Велика Британија остава кај супербогатите Руси, имено, дека е безбедно место за нивниот бизнис и за едукација на нивните деца. Но, по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и уште еден круг американски санкции, се прават промени, потенцира „Bloomberg“.

Британската влада исто така веќе објави дека го разгледува доделувањето на 700 визи дадени на богатите Руси, и применува нова одредба – Налог за необјасниво богатство, според кој властите можат да конфискиваат недвижен имот, ако неговата цена не одговара на приходите на сопственикот.

Иако е малку веројатно тоа да важи за милијардери со бројни извори на приходи, од значење е колку лесно може да се следи изворот на доход, посочува Џејмс Флечер, експерт од адвокатската компанија „Five St. Andrew’s Hill“. „Ако изворот на пари е премногу нејасен, тие сè уште можат да издадат налог за необјаснето богатство“, рече тој.

Во исто време, нема знаци дека некој од деветте Руси со средства во Велика Британија се испитува.

Портпаролот на Алишер Усманов, чија сопственост вклучува имот од 100 милиони долари во Сари и удели во Арсенал, изјави дека милијардерот ги има „сите потребни документи“, за да докаже дека тие се стекнати легално.

Самиот Усманов поседува вкупно средства за 1,1 милијарди долари во Велика Британија, а освен имотот во Сари и уделите во Арсенал, тој поседува и имот од 85 милиони долари во лондонскиот кварт Хајгејт.

Со најмногу средства на Островот е Роман Абрамович, чие богатство во земјата изнесува 4,3 милијарди долари. Најголемиот дел од него, 2,44 милијарди долари, е негов удел во компанијата „Evraz“. Милијардерот е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, како и дворецот од 200 милиони долари во Кенсингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП