27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus го откри новиот ES (видео)

Lexus го откри новиот ES (видео)

Премиум брендот на „Toyota“ ги објави првите официјални фотографии и видеа од новата генерација на својот „ES“ седан. Светската премиера на моделот ќе се одржи на автосаемот во Пекинг, кој ги отвора вратите на 25-ти април.

Засега нема официјални информации за автомобилот. Како што се очекуваше, тој ќе добие стилски и современ дизајн на ентериерот, превземени од предводникот на јапонскиот производител „LS“.

Познато е дека возилото е изградено на новата платформа „TNGA“ која се користи кај сите нови модели на гигантот „Toyota“, вклучувајќи ги „C-HR“, „Prius“, „Camry“, „Avalon“ и „Corolla“. Ова значи дека „Lexus ES“ е поголем по големина и внатрешен простор од неговиот претходник.

Не се очекуваат големи промени во гамата на мотори на моделот. Тој ќе се нуди со модернизиран 3.5-литарски „V6“, чија моќност ќе се зголеми до 300 КС, а ќе работи заедно со 8-степен автоматски менувач. Исто така, ќе има и хибридна модификација.

Продажбата на новиот „Lexus ES“ ќе стартува во текот на летото на 2018-та година. На светските пазари јапонскиот седан ќе се натпреварува со „Volvo S90“, „BMW 5-Series“, „Lincoln Continental“, „Jaguar XF“, „Audi A6“ и „Mercedes-Benz E Class“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП