25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei ќе го претекне Samsung

Huawei ќе го претекне Samsung

„Huawei“, најверојатно, ќе го надмине „Samsung“ во натпреварите во сферата на технологиите, така што ќе го воведе првиот флескибилен смартфон во светот.

Настанот е планиран за ноември 2018-та година. Ова е објавено од авторитативниот јужнокорејски весник „ETNews“, наведувајќи изворите блиски до производителот.

Компанијата веќе ги заврши тестовите на идниот модел и го подготвува за масовно производство.

Основата на флексибилниот паметен телефон ќе биде пластичниот дисплеј на „LG“, велат изворите за „ETNews“. Се претпоставува дека инженерите на компанијата најдоа начин да го ограничат ризикот од појава на дупки во моментот на извртување на матрицата.

„Samsung“, како и „Huawei“, веќе има прототип на иновативен телефон со преклопување, чија презентација се одржа зад затворени врати за време на изложбата на „CES“ во Лас Вегас.

Шефот на мобилната подружница во Јужна Кореја тогаш рече дека уредот е подготвен за пуштање, но потребни се прилагодувања на оперативниот систем.

Како што стана јасно минатата недела, планови за претставување на флексибилни паметни телефони имаат најмалку 5 производители, а нив се вклучени и „Oppo“, „ZTE“ и „Lenovo“.

Сите учесници во трката за технологија се потпираат на демонстрирање на сопствените достигнувања во пластичната конструкција до крајот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП