28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Corsa GSI: Огномет на патот!

Opel Corsa GSI: Огномет на патот!

Чиста прецизност за беспрекорно уживање во возењето! Така во Ризелсхајм, седиштето на „Opel“ ја најавуваат својата нова спортска ѕвезда – „Оpel Сorsа GSi“.

„Тоа што „Оpel Insignia GSi“ веќе импресивно се прикажа во својот сегмент, ќе биде пренесено и во сегментот на мали автомобило со новата „Оpel Сorsа GSi““, велат од оваа компанија, и тврдат дека прецизната спортска машина станува виртуоз во кривините благодарејќи на спортската шасија која е фино подесена на патектата во Нирбругринг.

Дизајнот не остава простор за сомневање: станува збор за вистински „спортист“ кој еднакво е импресивна и во секојдневното возење.

„Ја продолжуваме долгата „GSi“ традиција со новата „Сorsа GSi“. Веќе постоеше изразена спортска варијанта во првата верзија на моделот „Сorsa“. Нашиот најнов атлета ќе постави нови стандарди во својот сегмент со спортската шасија“, вели Петер Каперт, директор во „Opel“ за продажба и маркетинг.

Спортската атмосфера е присутна и во внатрешноста на автомобилот. Возачот на „Сorsа GSi“ има можност да седи на „Recaro“ седишта држејќи ги рацете на спортски дизајнираниот волан. Брзините се менуваат со помош на кожниот менувач, забрзувањето се достигнува со притискање на алуминимските педали – секој детал е подреден со целосното возачко задоволство. „Сorsa GSi“ исто така се одликува со исклучителна прецизност: тука е веќе познатата спортска шасија од „OPC“ верзија, препознатливите сопирачи со црвени „шепи“, одличното управување и краткиот пат на сопирање дополнето со изборните алуминиумски бандажи од 18 инчи.

Патниците во „Соrsа GSi“ на располагање имаат и поврзување со изборен „intellilink“ инфо-забаниот систем кој овозможува поврзување со „iOS“ и „Аndroid“ телефони. Засега од „Opel“ не соопштија никакви прецизни технички детали.

„Сorsa GSi“ во продажба ќе се најде кон крајот на годината, кога се очекува да биде позната и цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП