24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOткажани 30 проценти од летовите на Air France поради штрајк на пилотите

Oткажани 30 проценти од летовите на Air France поради штрајк на пилотите

Поради штрајк на пилотите се очекува францускиот авиопревозник „Air France“ денеска да откаже 30 проценти од планираните летови.

Синдикатот бара зголемување на платите за 6 отсто, со оглед на тоа што платите во „Air France“ се замрзнати од 2011 година, пренесува „Асошиејтед прес“.

Управата на компанијата вчера понуди зголемување од два проценти во текот на годинава, а вкупно 5 во следните три години. На синдикатите им е даден рок до крајот на неделата да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата, но најголемиот синдикат на пилоти веќе соопшти дека ќе ја одбие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП