
Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за 2017 година.


Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за 2017 година.
Од вкупно 101 компанија, 78 завршиле со добивка, а 23 компании завршиле со загуба за 2017 година.
По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 2.124.947.000 денари НЛБ Банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска Банка АД Скопје со нешто помала добивка од 2.044.120.000 денари и на третото место е компанија од телекомуникацискиот сектор-Македонски Телеком АД Скопје со добивка од 1.380.848.000 денари.
Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.