26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГрафик на денот: Кои земји со најголемо нетрпение ги очекуваат беспилотните автомобили?

График на денот: Кои земји со најголемо нетрпение ги очекуваат беспилотните автомобили?

Автономните автомобили станаа фокус на јавноста, откако минатиот месец во САД две несреќи завршија со смртни случаи. Првиот беше пешак кој беше прегазен од автономен автомобил на „Убер“, а вториот беше „Тесла Модел Х“ на автопилот додека патуваше по автопатот.

Социолошката агенција „Ipsos“ спроведе големата студија за ставовите кон автономните возила малку пред двата инцидента, а според неа најпозитивно на нив се гледа во светот во развој, ги резимира резултатите „Ѕtatista“.

Особено возбудени од овој тип на технологија се луѓето во Индија – 49% од испитаниците позитивно гледаат во нив и се желни да ги испробаат ваквите автомобили. Уште 46% не се сигурни што мислат, но сепак ги интересира идејата, додека само 5% велат дека никогаш нема да ги користат. Во Кина постојат слични нивоа на оптимизам, додека во Русија има 33%, а делот на несигурните е 59%.

Во исто време, во Јужна Америка, тројца од десет Бразилци сакаат да се возат во беспилотно возило.

Во САД, секптицизмот кон технологијата е висок дури и пред двата фатални инциденти. Една четвртина од луѓето во земјата велат дека никогаш нема да пробаат автономни автомобили, а 54% не се сигурни во своето мислење. Само 22% велат дека се позитивни за идејата и се желни да пробаат таков автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП