4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРусите под закана: Гасот ќе биде запленет!

Русите под закана: Гасот ќе биде запленет!

Украинската компанија „Нафтогас“ ќе се појави пред суд со цел да се обиде да ги заплени активите на „Газпром“ во Европа, вели заменикот директор на „Нафтогас“, Јуриј Витренко.

Заканата следеше откако руската енергетска компанија не изврши плаќање кое го наложи меѓународниот арбитражен суд.

„Јасно е дека не сакаат да платат, со оглед на тоа ќе почнеме да го запленуваме гасот и другите сретства на „Газпром“ во Европа, а не во Украина. Ќе одиме на суд во Европа“, изјави Витренко.

Исто така, додава дека нема да го заплени рускиот гас кој преку Украина стигнува до Европските клиенти.

„Ние не сакаме да создадеме некаква политичка поделба овде во ЕУ во врска со тоа дека Украина не е доверлива транзитна земја“, рече тој.

„Газпром“ одбива да плати 2,5 милијарди долари според пресудата на Арбитражниот суд во Стокхолм, со што при исплатата би „ставиле точка“ на долгата правна битка помеѓу овие две компании.

Меѓутоа, „Газпром“ се жалеше на пресудата и побара раскинување на договорот со Украина за транзит на гас.

Овие две компании од јуни 2014-та година се судат пред Арбитражниот суд во Стокхолм, а предмет е договорите за снабдување со гас од Русија во Европа преку Украина од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП