18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција се бори да ги привлече туристите со поголема платежна моќ

Грција се бори да ги привлече туристите со поголема платежна моќ

Грција е една од четирите најпосетени туристички дестинации на Медитеранот – по Шпанија, Италија и во битка со Турција за третата позиција, пишува „Катимерини“, повикувајќи се на податоци на локалната асоцијација на туристичкиот бизнис – „SETЕ“. Земјата се обидува да привлече што е можно повеќе туристи, во основа со поголема платежна моќ.

Главните проблеми за реализација на оваа цел, сепак се лошата инфраструктура и недостатокот на вистинскиот туристички производ, како и слабата реклама, посочува истражувањето на меѓународната агенција за туристички мониторинг „IPK International“.

Платежоспособните туристи кои трошат над 750 евра на ноќ за пакет од три ноќевања или повеќе од 500 евра на ноќ за пакет од четири ноќевања, се само 8% од посетителите на Грција во минатите години. Но и покрај тоа тие придонесуваат значително за приходите од туризмот во грчката каса, бидејќи во последните години се зголемува бројот на туристи кои трошат помалку за време на својот одмор во Грција.

Податоците на „SETE“ покажуваат дека во 2016-та година, „богатите“ туристи биле 402.000, или само 1,4% од сите туристи кои пристигнуваат во земјата. Сепак, тие сочинуваат 13,7% од сите туристички приходи во земјата – 1,8 милијарди евра. Но, ова е само 9% од вкупните трошоци на туристите со поголема платежна моќ на Медитеранот. „Медот“ го собираат Шпанија и Италија.

Според аналитичарите во организацијата, богатите туристи на Медитеранот беа 4,4 милиони во 2016-та година и реализирале 23,8 милиони ноќевања. Трошоците се 20 милијарди евра.

Во просек, ова значи трошење на 4.498 евра за одмор за оваа категорија туристи, во просек по 833 евра по лице на вечер. Типично, овие туристи се парови на возраст помеѓу 35 и 44 години и поминуваат во просек по седум ноќи. 35,6% од нив одат во Италија и 31% во Шпанија.

Во 2016-та година, Грција ги привлече повеќето богати европски туристи од Германија (39.000), Франција (37.000) и Велика Британија (26.000). Надвор од Европа бројката е 88.000 Американци и 54.000 Кинези кои пристигнаа во Грција, според „ЅЕТЕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП