Во текот на вчерашниот ден, Биткоинот изненадувачки порасна за речиси 17 отсто, од околу 6.850 долари на над 8.000 долари. Ова е изненадувачки раст, бидејќи во минатиот период Биткоинот беше главно во пад или во стагнација.

Во моментов, цената на Бикоинот е околу 7.700 долари. Точната причина за ова зголемување на вредноста не е позната, иако некои експерти укажуваат на зголемената побарувачка на криптовалути во изминатите месеци.
Некои аналитичари истакнуваат дека неодамнешниот пад на Биткоинот беше само привремен, а причината за падот во голема мера се должи на стравот дека криптовалутата е финансиски ризична.
Најголем дел од криптовалутите доживеаа раст, и тука се вклучени Биткоин Кеш, Лајткоин, Етереум и Рипл. Овие промени во вредноста не гарантираат дека Биткоинот и другите дигитални валути ќе продолжат да растат во наредниот период. Ова особено се однесува на Биткоинот, кој е далеку од неговата најголема вредност оваа година – минатиот месец чинеше над 9.000 долари.