25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai во целост ќе го менува својот дизајн

Hyundai во целост ќе го менува својот дизајн

Новиот главен дизајнер на компанијата ветува сериозни промени.

„Тековниот пристап на „Hyundai“ за користење на истиот стил за сите модели на брендот е здодевен и поради тоа на автомобилите им недостасува индивидуалност. Но, јас ќе ја поправам оваа грешка“, рече главниот дизајнер на корејскиот производител Лук Донкерволке во интервјуто за „Motoring“.

За во иднина, Донкерволке и неговиот тим ќе создадат автомобили чиј дизајн ќе зависи од специфичните услови на нивниот сегмент. Првите модели на „Hyundai“, кои целосно го прикажуваат новиот стил на корејскиот бренд, ќе бидат објавени во средината на 2019-та година.

Што се однесува до иднината на премиум-брендот „Genesis“, еволуцијата на дизајнот ќе биде поконзистентен и посодрежен. Во неговата основа ќе биде концептуалното купе „Esentia“ (на сликата погоре).

Според Донкерволке, целта кај „Genesis“ е да се избега од вулгарноста и прекумерна самоувереност – нешто на што вложуваат конкурентите „Lexus“ и „Infiniti“. Пристапот треба да биде многу порелаксиран и мазен, бидејќи суштината на дизајнот на автомобилот „Genesis“ треба да бидат елементи од корејски стил.

Лук Донкерволке стана главен дизајнер на „Hyundai“ во 2016-та година. Тој претходно работел за „Bentley“, „Audi“, „Seat“ и „Lamborghini“. Негов е дизајнот на автомобилите, како што се „Lamborghini Murcielago“ и „Gallardo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП