18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМистериозен Samsung Galaxy телефон се појави на листата на TENAA

Мистериозен Samsung Galaxy телефон се појави на листата на TENAA

„Samsung“ за останатиот дел од година планира уште неколку нови телефони, а меѓу нив се наоѓа и потврдениот модел „Galaxy Note 9“ . Во портфолиото на компанијата се наоѓаат и неколку модели кои не се откриени, а еден од нив е и мистериозниот „Galaxy“ телефон кој беше забележан на листата на „TENAA“.

Телефонот има број на модел „SM-G8850“ и станува збор за компактен уред од средниот сегмент. Моделот се уште не е сертифициран од страна на телата „Wi-Fi Alliance“ или „Bluetooth“, но благодарејќи на листата на „TENAA“ се познати некои карактеристики.

Новиот телефон ќе има 5.6-инчен дисплеј, со заоблени агли. Димензиите се 147,7 x 68,7 x 8,4 милиметри. Судејќи според овие димензии, вкупната големина на екранот би требало да биде околку 5.8-инчи, додека самата големина на дисплејот е 5.6-инчи. Се очекува „Infinity Display“, со оглед на тоа дека „Samsung“ константно своите телефони ги објавува со овој екран.

Се претпоставува дека телефонот од листата на „TENAA“ би можел да биде или „S9 mini“ или „S8 mini“. Телефонот поддржува „dual-SIM“ картичка и најверојатно ќе пристигне со оперативниот систем „Android 8.0“.

Претходно се појавија информации дека уредот на „Samsung“ со број на модел „SM-G8750“, кој беше забележан на „Geekbench“ и би можел да биде „Galaxy S9 Mini“. Засега не е познато во целост дали новиот уред е „Galaxy S8 mini“ или „S9 mini“, но сигурно е дека ова ќе го дознаеме наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП