3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Германија и фалат странски работници за да го одржи растот

На Германија и фалат странски работници за да го одржи растот

На Германија и се потребни повеќе странски работници за да го одржи растот во својата економија и просперитет. Ова го покажува студијата на германскиот Институт за економија. Порастот на германскиот пазар на трудот во последниве години веројатно нема да биде возможен без имиграција, истакнуваат авторите на извештајот.

Бројот на странци кои биле ангажирани во Германија се зголемил за 1,3 милиони во периодот од јуни 2011-та до јуни 2017-та година. За споредба, Германците биле вкупно 1,6 милиони лица.

Поголемиот дел од странските работници во Германија се од ЕУ, забележува Институтот. Вкупно 386.000 луѓе беа од неевропски земји.

Институтот, исто така, истакнува дека нивото на невработеност кај Германците не може да се отфрли во наредните години. Според податоците, може да се предвиди дека учеството на активното работно население во Германија во наредната деценија остро ќе падне, се вели во извештајот.

Според истражувањето Германија со тек на време ќе стане зависна од граѓаните на земјите надвор од ЕУ, бидејќи имигрантите од ЕУ ќе бидат потребни како работници во сопствените држави, кои исто така имаат проблеми со пазарот на труд поради стареењето на населението.

Претходно овој месец стана јасно дека германското индустриско производство се намали изненадувачки во февруари. Бројките се од официјалната статистика на „Destatis“ и се сигнал за ослабување на добар нагорен момент на водечката европска економија во новата година.

Индустриското производство во Германија се намали во февруари за 1,6% во однос на претходниот месец, кога забележа анемичен раст од 0,1% (слаба нагорна ревизија од претходната проценка за пад од 0,1%) и кај средните очекувања на финансиските пазари за зголемување за 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП