5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa и EasyJet во борба за авиокомпанијата Alitalia

Lufthansa и EasyJet во борба за авиокомпанијата Alitalia

Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ му се придружи на „EasyJet“ во интересот за купување на пропaднатиот италијански превозник „Alitalia“.

Од „EasyJet“ соопштија дека ја предале изменетата понуда за реструктуирање на компанијата „Alitalia“ во склоп на конзорциумот, одбивајќи да навлегуваат во детали.

Од „Lufthansa“ е соопштено дека го предале документот со идеи за „новата“ компанија „Alitalia“. „Гледаме можност за понатамошни преговори на таа основа“, изјави портпаролот на германскиот авиопревозник.

Од компанијата „Alitalia“ наведуваат дека добиле три понуди. Германската компанија претходно истакнуваше дека ги интересира само реконструиран италијански авиопревозник.

Италијанскaта авиокомпанија минатата година објави инсолвентност и владата оттогаш бара нови инвеститори. Продажбата касни поради парламентарните избори кои се одржаа во март.

Повикувајќи се на неименувани извори, Bloomberg News извести дека „EasyJet“ во понудата за италијанскиот превозник се здружил со инвестициската компанија „Cerberus“ и со „Air France-KLM“. Дополнително од „Air France-KLM“ го демантираа тој извештај.

„Air France-KLM“ негира дека е заинтересиран за поднесување на понуда за авиокомпанијата „Alitalia“, одговори претставничката на француско-холандската група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП