5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСиндикатите на Шкода се изборија за просечна плата од 2.000 евра

Синдикатите на Шкода се изборија за просечна плата од 2.000 евра

Синдикатите во најголемата чешка фабрика за автомобили Шкода од Млада Болеслав, се изборија за најголемо зголемување на платите досега, со просечна плата од 2.000 евра и специјален бонус во мај од 2600 евра, што е за 46 отсто повисок од минатата година.

Платите на 25.000 од вкупно околу 30.000 вработени колку што има Шкода, од 1 февруари ќе се зголемат до 12 отсто, и просечната бруто плата ќе изнесува 2.000 евра, а во мај ќе добијат и редовен годишен бонус од 2.600 евра, што е 46 отсто повисок бонус од минатата година.

“Ова е најдобар резултат од преговорите на синдикатот KOVO од преминувањето на компанијата под Volkswagen. Во априлската плата кога ќе се пресметаат сите зголемувања, надоместоци за прекувремена и ноќна работа и бонус за повеќето работници на Шкода, ќе достигне 4.000 евра, што е навистина богата исплата”, рече Јарослав Повшик  шеф на фабричкиот синдикат на Шкода.

Кога ќе се вклучат бонуси и зголемување за работа во смени и прекувремена работа, есенски премии и варијабилен бонус на крајот на годината кој зависи од перформансите на компанијата, синдикатите пресметале дека приходот на работници во фабриката во Млада Болеслав ќе се зголеми оваа година за 20 проценти, а во Квасин за дури 30 проценти.

Заканите за штрајк од страна на синдикатите успеаа да се изборат за да се склопи колективен договор само за една година, а не за две години, со зголемување на платата од 15 отсто и редовен бонус од 1.000 евра како што понуди менаџментот.

Според податоците во Чешка, стапката на невработеност во март се намалила од 3,7 проценти на 3,5 проценти, и за прв пат во историјата на чешките компании се нудат повеќе работни места отколку што може да се најдат кандидати во бирото за вработување.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП