4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи? УЈП ја објави најновата листа на должници

Кој колку должи? УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници бр.04/2018 за долгови доспеани до 30.12.2017 година и неплатени до 31.03.2018 година  по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.04/2018 објавени се 2080 должници – правни лица (помалку за 64 од претходната листа) и 1909 физички лица (повеќе за 25 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2018 изнесува 10.038.246.109 денари, помалку за 310.530.498 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.996.520.591 денари (помалку за 309.429.248 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 41.725.518 денари (помалку за 1.101.250 денари од претходната листа).

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП