15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМарк Цукерберг: Фејсбук апликацијата секогаш ќе биде бесплатна

Марк Цукерберг: Фејсбук апликацијата секогаш ќе биде бесплатна

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг сведочеше пред американскиот Сенат минатата ноќ и одговораше на прашањата на 44 сенатори за практиките за управување со податоците кои го користи Фејсбук, за скандалот со Cambridge Analytic и користењето на платформата од страна на групи за да влијаат на изборите во САД.

За време на сослушувањето, еден од сенаторите го потсети Цукерберг дека за време на неговата прва посета на Капитол Хил во 2010 година, тој рече дека Фејсбук секогаш ќе биде бесплатен. Цукерберг сега одговори дека апликацијата на Фејсбук секогаш ќе биде бесплатна, но оставајќи ја можноста за толкување дека платформата еден ден може да користи систем на претплата.

Закерберг истакна дека рекламите се сеуште главниот извор на приходи за одржување на Фејсбук сервисот, но е интересно дека извршниот директор на компанијата истакна дека верзијата на Фејсбук секогаш ќе остане бесплатна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП