27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSonim XP8 - робустен смартфон за сите терени (видео)

Sonim XP8 – робустен смартфон за сите терени (видео)

„Sonim“ го претстави својот најнов телефон – „Sonim XP8“. Станува збор за паметен телефон кој поради својот робустен изглед е способен да издржи на сите терени, на кои вашиот класичен, „шминкерски“ мобилен не би можел – градилишта и останати места на кои е зголемена концетрацијата на прашина, вода, шум и слично.

„Sonim XP8“ се темели на платформата „Android“ и е замислен за користење од страна на градители, пожарникари, припадници на прва помош и слични професии. Но, можно е да се купи и од страна на обичните корисници на кои поради за нив познати причини им е потребен ваков телефон.

Уредот се одликува со 5-инчен „FHD“ екран со резолуција од 1.920 x 1.080 пиксели, има 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија од кои 45 GB се достапни за корисниците. Доколку им е потребен поголем простор, тогаш корисниците може да го зголема со мемориска „microSD“ картичка до 128 GB. Моќта „Sonim XP8“ ја црпи од „Qualcomm Snapdragon 630“ чиј осум јадра работат со такт од 2,2 GHz.

Од технологиите за поврзувања тука се „Wi-Fi“ (802.11 a/b/g/n/ac/r), „Bluetooth“ (5.0), „Miracast“, „GPS“, „GLONASS“, „BeiDou“ и „NFC“. Со мобилниот телефон пристигнува и посебни апликации,  „Sonim SCOUT“, „Push-To-Talk“ и „Lone Worker/man-down“. Поради тоа што уредот се темели на „Android“ (7.0, Nougat), тука е и поддршката за „Google Play“.

Што се однесува до камерата, „Sonim XP8“ на задната страна има една камера со резолуција од 12 MP, додека на предната исто така има една камера, но со резолуција од 8 MP. Eнергијата потребна за работа ја обезбедува батеријата со капацитет од 4.900 mAh која поддржува и технологија за брзо полнење (Quick Charge 4.0).

Специјалност на овој мобилен е и во тоа што екранот може да се користи и со ракавици, како и тоа дека има дополнителни копчиња. „PTT“ копчињата, овозможуваат комуникација со други корисници според принципот „walkie-talkie“, a „SOS“ копче кое автоматски повикува помош. Понатаму, на предната страна се наоѓаат два звучници (100 dBA+) кои без проблем ќе ги пренесат сите информации и на бучни локации. Уредот е отпорен на удари, прашина, валага и слично (MIL-STD-810G, IP68, IP69).

Димензиите на телефонот се 152 x 79,5 x 18 милиметри, а тежината е 335 грама. Подетални информации се достапни на официјалната страна на производителот, а цената на уредот на американскиот пазар е 699,99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП