1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAcer претстави неколку нови уреди

Acer претстави неколку нови уреди

Taiwan Computex

„Acer“ на конференција во Кина претстави серија нови производи, вклучувајќи го и првиот 8.1 инчен таблет „Iconia W3“.

Тајванската компанија исто така ги претстави деталите за новиот 5.7 инчен паметен телефон „Liquid S1“, како и подобрената верзија на „Aspire S7 ultrabook“.

Паметниот телефон (или фаблет) има 1280×720 HD екран, а работи на последната верзија на оперативниот систем „Android Jelly Bean 4.2“.

„Liquid S1“ има процесор од 1,5 GHz и два влеза за SIM картички, па така да корисникот може истовремено да комуницира по пат на два телефонски броја.

Овој фаблет пристигнува со вградени „Acer Cloud Docs“ и „Acer Remote Files“ со кои корисникот може да ги чува и да има пристап до документите бежично, а исто така тука е софтверот „Float“.

Од „Acer“ тврдат дека „Liquid S1“ има батерија која може да работи со денови.

„Iconia W3“ таблетот работи на „Windows 8 Professional“, a вграден е и „Microsoft Office Home“.

Taiwan Computex

Благодарејќи на тастатурата овој уред може да се користи како десктоп компјутер.

„Acer“ исто така ja претстави подобрената верзија на „Aspire S7 ultrabook“ кој го користи процесорот на „Intel – Haswell“  чии производител тврди дека ја подобрува графиката и перформансите за 58 проценти.

Оргиналниот „S7“ се појави на пазарот на крајот на 2011-та година. Новата верзија има резолуција од 2.560×1.440, 13,3-инчен „multi-touch“ екран.

„Acer“ исто така тврди дека новата тастатура овозможува 33 проценти побрзо пишување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП