29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го направи првиот чекор, ќе има ли помирување?!

Кина го направи првиот чекор, ќе има ли помирување?!

Во своето воведно обраќање на свечената церемонија по повод отварањето на годишната конференција „Boao Forum for Asia“, која се одржа во островската провинција Хаинан, Си не го напомена директно американскиот колега Трамп ниту пак спорот, пренесува агенцијата „AP“.

Тој вети напредок во приоритетните области на САД, каде што наводно ќе бидат отворени банкарски сектори и зголемувања на увозот, но во своето обраќање не зборуваше за она што најмногу се нервира Вашингтон, како што е условеноста на странските компании во Кина со кои ќе се води бизнис преку заеднички вложувања, што предизвикува предавање на технологијата на потенцијалните домашни конкуренти, вели американската агенција.

„Покренавме иницијатива за проширување на увозот. Државата ќе работи напорно на зголемување на производите кои треба да се увезуваат и кои воедно се конкурентни и потребни на кинескиот народ“, изјави Си.

Според него Кина ќе забележи зголемен напредок во придружувањето на договорот на светската трговска организација за државен надзор.

„Кина не бара трговски суфицит, ние имаме голема желба за зголемување на увозот и постигнување поголема рамнотежа во билансот на тековната сметка со странски земји“, додаде претседателот.

Зборуваќи за меѓународниот саем за извоз во Кина, кој ќе се одржа во Шангај во Ноември, Си порача дека сите претставници од други држави се добредојдени да учествуваат. „Ова нема да биде обичен саем, ова ќе биде главна иницијатива и посветеност на нашата решителност за отворање на кинескиот пазар“, истакна Си.

Истовремено, тој наведе како Кина се надева дека, развиените земји ќе престанат да наметнуваат ограничувања на нормалната и рационална трговија на високотехнолошките производи и дека ќе се намали контролата на увозот при тргување со Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП