Германската авиокомпанија “Луфтханза” објави дека ќе откаже повеќе од 800 утрешни летови, односно секој втор лет, поради најавените штрајкови на вработените во јавните служби, што ќе погоди четири германски аеродроми.
На штрајкови повика германскиот синдикат Верди(ver.di) на аеродромот во Франкфурт, најголемиот аеродром во Германија, како и во Минхен, Келн и Бремен.
Штрајкот ќе погоди околу 90.000 патници, рече Луфтханза.
Синдикатот Верди бара зголемување на платата од шест отсто, или најмалку 200 евра, за околу 2.3 милиони вработени во јавниот сектор.
Штрајковите на аеродромите се дел од поширокиот спор околу платите во германскиот јавен сектор, во кој спаѓаат комуналните претпријатија, детските градинки и градските администрации.