10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ќе биде готов со електричната S-Class пред 2020-та

Mercedes ќе биде готов со електричната S-Class пред 2020-та

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ ќе биде готов со електричниот луксузен седан во 2020-та година. Ова го изјави еден од главните инженери на компанијата Михаел Келц во интервју за „Autocar“.

Електричниот предводник нема да се нарекува „S-Class“, но, најверојатно, ќе го добие името „EQS“. Според Келц, концептот на модел најверојатно ќе биде прикажан во 2020-та година, додека сериската верзија ќе биде достапна во 2022-ра година.

Луксузната лимузина ќе биде целосно одделен модел за кој ќе се користи модулот за модели на „Mercedes-Modular Electric Architecture“ (MEC), дизајнирани исклучиво за електрични возила.

„Сакаме да направиме електричен автомобил на ниво на „S-Class“, но тоа нема да биде „S-Class“, туку сосема поинаков автомобил. Тоа ќе ги демонстрира предностите при поставување на енергетските единици под подот. Ова ќе овозможи зголемување на растојанието помеѓу двете оски и затоа ќе обезбеди повеќе простор во кабината“, рече Келц.

Плановите на „Daimler“ вклучуваат лансирање на 20 електрифицирани модели до 2020-та година, при што 10 од нив ќе работат на електрична енергија. Оваа група, исто така, ги вклучува и возилата од брендот „Smart“. Моделите на „Mercedes-Benz“ со електрични единици ќе се продаваат под брендот „EQ“, а покрај веќе споменатиот „EQS“ во неа влегувааат кросоверот „EQC“ и хечбекот „EQA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП