21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Роналдо му се заканува затвор и 100 милиони евра казна!

На Роналдо му се заканува затвор и 100 милиони евра казна!

Како што пренесува „El Mundo“, даночната агенција на Шпанија ја разгледува можноста за повлекување на една од четирите фискални кривични дела за чие кршење е обвинет Кристијано Роналдо.

Сето тоа може да се случи доколку Роналдо ја признае вината и така да прифати помала казна. Исто така, судот ќе ја отстрани вината и на неговите соработници, кои во овој предмет се наведуваат како соучесници во кривичното дело.

Паричната казна во тој случај би изнесувала 6,25 милиони евра, плус трошоците за постапката, па сумата би можела да достигне и до 10 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите, постојат две можности за решавање на овој случај (доколку Роналдо не ја признае вината), а првиот е да биде прогласен за виновен.

Во тој случај Португалецот ќе биде обвинет за проневера тешка 14,7 милиони евра, па така ќе му биде изречена затворска казна како и парична во висина од речиси 100 милиони евра.

Роналдо би можел да биде ослободен доколку се докаже дека е невин, но и покрај ослободителната пресуда, тој ќе плати административна казна која изнесува околу 30 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП