5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоранешниот извршен директор на MtGox не сака една милијарда долари во биткоини

Поранешниот извршен директор на MtGox не сака една милијарда долари во биткоини

Поранешниот извршен директор на MtGox, Марк Карпелес, тврди дека не сака една милијарда долари што остана од банкротираната компанија.

Директорот на некогаш најголемата платформа за трговија со биткоини изјави дека останала количина на пари, односно повеќе од 160.000 биткоини и битокоин кеш (околу 1 милијарда долари според моменталните цени).

Оваа берза прогласи банкротот во февруари 2014 година, по најголемата кражба на криптовалути до тогаш. Стотини илјади биткоини биле украдени од платформата која тогаш покривала 80 отсто од светското тргување со биткоини. MTGox за нападот ги обвини хакерите, но укажа на недостаток на заштита на софтверот.

Карпелес би требало да добие милиони откако на берзанските корисници ќе им се надоместат загубените биткоини во јапонски јени.

“Не го сакам ова. Не ја сакам оваа милијарда долари. Од првиот ден никогаш не очекував да добијам нешто од овој банкрот. Моја одговорност е да се осигурам дека тоа нема да се случи”, вели Карпелес.

На спорот во Токио, кој се води против него, се изјасни дека не е виновен и се надева дека повторно ќе работи како инженер, но не мора и да има повеќе врска со криптовалутите.

“Не можев да замислам дека сето ова вака ќе се заврши и жалам поради сето она што се случи, како и ефектот на сите вклучени”, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП