Компанијата „Porsche Design“, која е подружница на производителот на автомобили, го претстави својот нов паметен телефон – „Mate RS“. Уредот е создаден со кинеската компанија „Huawei“, но е супериорен во однос на неговите производи, според дизајнот и технологијата.
Во основовата на паметниот телефон е „Huawei P20“, кој е веќе достапен на пазарот во Европа. Неговата цена е 649 или 899 евра во зависност од модификацијата. Сепак, „Porsche RS“ ќе биде значително поскапо – верзијата од 256 GB ќе чини 1.550 евра, а пак со 512 GB – 1.990 евра.
Покрај дизајнот, моделот на „Porsche“ исто така има и некои технички компоненти. Стандардните „Huawei“ камери се опремени со леќи „Leica“, кои не се достапни на оригиналниот модел. 6-инчниот екран е со 2880×1440 пиксели е исто така уникатен.
Од автомобилскиот производител го определуваат „Mate RS“ како „911 GT3 RS“ меѓу паметните телефони. Компанијата, исто така, нуди уште еден мобилен телефон „Mate“ развиен заедно со „Huawei“. Неговата цена, сепак, е скромна – 1.130 евра.