20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.04.2018

Дневен хороскоп 04.04.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Колегите и надредените имаат преголеми очекувања, а вас тоа ве нервира. Во љубовта не го цените тоа што го имате па се однесувате лошо кон партнерот. Можно е да зажалите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Како и секогаш настапувате дипломатски и рационално. Поради тоа успехот ви е загарантиран. Оние кои се сами воопшто не им пречи тоа што немаат партнер, туку напротив. Зафатените ги очекуваат компликации.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате иновативни идеи и решенија. Доколку добиете поддршка од колегите и надредените, сигурно ќе ги остварите. Гаите силни емоции кон една личност. Не се плашете да ги покажете.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку имате приватен бизнис, ве очекува многу успешен ден, ќе заработите повеќе од очекуваното. Во љубовта осамени сте и ништо не правите да го промените тоа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Преземате премногу обврски иако знаете дека нема да можете се да завршите во зацртаниот рок. Многу трети лица се мешаат во вашиот љубовен живот. Запомнете дека тие се небитни кога станува збор за љубовта.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку планирате да забележите успех, ве советуваме да преговарате со лице родено во знакот на Лав. Расчистете со минатото пред да започнувате нова љубов. Лицата во брак ќе бидат во хармонија.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денешниот ден ви носи нови предизвици, пред вас ќе стојат многу работни задачи, но вие успешно ќе се справите со нив. Доколку работите во поголема компанија, ќе бидете пофалени од менаџерскиот тим. Во љубовта односите се солидни, изненадете го повремено партнерот со ситен подарок.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Заморот ќе ги совлада оние кои оваа недела биле преплавени од проекти. Без грижа, ќе бидете наградени за дополнителниот труд. Чувајте го здравјето, ве очекува настинка, бидете сигурни и дека се храните разновидно со цел да не го ослабите имунитетот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

За стрелците денешниот ден ќе тече сосема вообичаено, некои дури и ќе се досадуваат од секојдневната монотонија. Бидете внимателни доколку од вас се бара да направите некаков избор. На љубовното поле нема да се случуваат промени, и оние кои се сами ќе го задржат тој статус одредено време.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој ден ќе доживеете повеќе критики отколку вообичаено. Не се фрустрирајте поради тоа туку пронајдете начин да ги поправите грешките. Сеуште не сте преболеле некоја личност од минатото. Направете го тоа конечно.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сте преземале премногу обврски, па очигледно е дека ќе направите грешки поради брзањето и еуфоријата сите да ги завршите. Ќе имате добар однос со партнерот, тоа ќе ви даде енергија за другите сегменти од животот.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува значителен прилив на пари. Ќе бидете повеќе од расоложени и со среќа ќе ги извршувате работните обврски. Уживајте во љубовта со саканото лице. Не ги комплицирајте работите без потреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП