22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Ford Focus ќе дебитира на 10-ти април (видео)

Новиот Ford Focus ќе дебитира на 10-ти април (видео)

„Ford“ објави „тизер“ со кој ја најавува премиерата на 4-тата гeнерација на својот популарен хечбек.

Новиот „Focus“ ќе има „online“ презентација на 10-ти април.

Во најновото „тизер“ видео се откриени одредени детали од надворешноста, иако уште во февруари на Интернет се појавија „шпионски фотографии“ од овој автомобил од фото-сесијата во Португалија.

Што се однесува од досегашните информации, познато е дека „Focus 4“ ќе биде полесен од својот претходник за 50-тина килограми.

Под хаубата се очекуваат стандардните тубро бензинци и турбо дизели на „Ford“ почнувајќи од 1.0-литарски бензинец со моќност од 100 до 140 ks, како и 1.5-литарски дизел во опсег од 85 до 120 ks, па се до најмоќната верзија 2.0-литарскиот „TDCi“.

Акцентот во четвртата генерација би требало да биде современиот ентериер и новите технологии.

На премиерата ќе дебитира хечбек со 5 врати, а можно е да биде прикажен и нов „Ford Focus“ седан, додека караван верзија се очекува за подоцна во текот на 2018-та.

„Ford“ во тековната година ќе ја претстави и лускузната верзија „Focus Vignale“, како и верзијата со спортски изглед – „Focus ST Line“.

Истко како и „Fiestа“, и „Focus“ би требало да одбие крос верзија со ознаката „Active“, a во врвот на понудата кога станува збор за перформансите ќе биде „Focus ST“, додека за новиот „RS“ модел е се уште рано да се говори, со оглед на тоа дека претходната генерација и натаму „свежа“ на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП