9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилниот телефон денес полни 45 години (фото+видео)

Мобилниот телефон денес полни 45 години (фото+видео)

Мобилниот телефон денес го прославува својот 45-ти роденден. На 3-ти април 1973-та година „Motorola“ го претстави првиот пренослив мобилен телефон во светот, „Motorola DynaTac“, и покажа како функционира.

Во 2017-та година, „Motorola Dynatac 8500“ беше прогласен за најголем изум на сите времиња од „The ​​Gadget Show“.

„Кога земав прототипот во рацете, навистина имав чувство дека пред мене стои иднината“, вели Мартин Купер, инженер во „Motorola“ и творец на мобилната револуција.

Купер успева да го привлече вниманието на сите новинари со својот необичен пристап. Наместо во некоја просторија, тој го претстави првиот мобилен телефон додека одеше во центарот на Менхетен.

Без да знае дали уредот ќе работи, тој одлучи да го повика својот главен конкурент во тоа време – шефот на „AT&T“, Џоел Енгелс. Мартин Купер раскажува дека од спротивната страна на слушалката Џоел не проговори, откако слушна: „Џоел, се јавувам од мобилен телефон, вистински, безжичен мобилен телефон“.

Имено тоа е тишината која го потврди огромниот успех и важноста на овој пронајдок, со што „Motorola “ засекогаш да го промени светот.

45 години подоцна „Motorola“ продолжува да биде бренд синоним за иновации и свој стил. „Motorola Mobility LLC“  беше купена од „Lenovo Group Holdings“ во 2015-та година. Сите „ Moto“ производи беа дизајнирани и произведени од „Motorola Mobility LLC“, подружница на „Lenovo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП