17 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку е скапо да се поседува и одржува Ferrari? Mногу...

Колку е скапо да се поседува и одржува Ferrari? Mногу…

ferrari chris

„Кој може да си купи скапо возило, сигурно може и да го одржува“. Ова често го велат луѓето кои не се толку страствени по автомобилите, а притоа и ќе погрешат во своите прогнози.

Еден од најпозантите автомобилски новинари, Крис Харис можел да си дозволи да купи половно „Ferrari 599 GTB“ од 2007-та година, но не и неговото одржување.

Па нешто помалку од една година, Харис одлучил да го продаде своето возило затоа што поседувањето на овој автомобил едноставно му било прескапо.

Дури 11.700 евра, односно цената на еден нов добро опремен автомобил од Б-сегментот, новинарот морал да ги одвои за одржување и тоа за поминати нешто помалку од 5.000 километри.

Парите ги потрошил за осигурување, гориво и гуми, а до сервисот не ни стигнал. Но можете да погледнете во видеото колку Харис бил воодушевен од „Ferrari 599 GTB“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП