13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го возвраќа ударот, воведе царина на 128 американски производи

Кина го возвраќа ударот, воведе царина на 128 американски производи

Новите кинески даноци се однесуваат на различни производи од овошје до свинско месо.

Кина објави контрамерки за увоз на американски производи со наметнување на царински давачки до одреден процент од специфични производи, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии, објави агенцијата Ксинхуа.

Официјален Пекинг минатиот месец предупреди дека размислува за воведување на царина што предизвика загриженост од можно појавување на трговска војна меѓу двата најголеми светски економски гиганти.

Новите кинески даноци, утврдени од комисијата за царински тарифи во рамките на кинеската влада, се однесуваат на различни производи од овошје на свињи.

Немир на светскиот пазар

На 22 март, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе воведат нови царински давачки за речиси 60 милијарди долари увезена кинеска стока, предизвикувајќи превирања на глобалните финансиски пазари.

Кина одговори на ова, објавувајќи листа од 128 производи на кои ќе воведат царинска стапка од 15 до 25 проценти во случај на неуспех во преговарите со САД.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП