27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската градежна индустрија се обидува да ги убеди своите вработени oд ЕУ...

Британската градежна индустрија се обидува да ги убеди своите вработени oд ЕУ да останат

Градежната индустрија во Велика Британија ја повикува владата да и помогне во убедувањето на работници од земјите членки на ЕУ да останат во земјата, само 12 месеци пред „Brexit“, пишува интернет изданието „porpertywire.com“.

Повикот на Федерацијата на мајсторите ѕидари доаѓа откако новото истражување покажа дека компаниите кои во моментов вработуваат работници од земји членки на ЕУ, не можат да се справат без нив и сметаат дека тие се добри вработени.

Истражувањето меѓу шефовите на мали и средни градежни претпријатија потврди дека 94% од компаниите го одредуваат квалитетот на работниците од ЕУ, како добар или многу добар.

Околу 85% од раководителите на мали и средни претпријатија во градежништвото, кои имаат вработено работници од земјите членки на ЕУ, велат дека тие се важни за нивниот бизнис и се обидуваат да ги задржат и прошират своите вработени.

Студијата покажа уште дека 76% од компаниите сметаат дека ако некој од вработените од ЕУ се врати во својата татковина сега или по „Brexit“, тоа негативно ќе се одрази врз стабилноста на нивниот бизнис.

„Една година пред „Brexit“, истражувањето покажува колку британската градежна индустрија ги вреднува вработените од ЕУ. Британскиот градежен сектор се потпира повеќе од останатите на вработени мигранти од Европа и моментно 9% од градежните работници се од ЕУ“, вели Брајан Бери, извршен директор на „FMB“. Тој додава дека во Лондон достигнале скоро една третина.

„Со оглед на акутниот недостиг на квалификувани работници, кој веќе го чувствуваме, задржувањето на овие работници е многу важно за бизнисот. Нашата студија испраќа силна и позитивна порака од градежната индустрија до вработените од ЕУ. Ја повикуваме Владата да интервенира и да ни помогне да се убедат работниците од Унијата дека тие ни се потребни и многу добредојдени“, дополнува Бери.

Британски министри најавија неодамна дека странците кои живеат во Велика Британија веќе пет години, или пристигнале од земја-членка на ЕУ во преодниот период, ќе можат да аплицираат за престој. Бери го опиша ова како голем чекор во вистинската насока, но предупреди дека работниците не се добро информирани за тоа.

„Веќе гледаме дека работници од ЕУ се враќаат дома од финансиски причини или едноставно затоа што не се чувствуваат добредојдени, па времето е од суштинско значење. Владата и индустријата мора да направат се што е можно за да испратат позитивни пораки до нашите витални и високо ценети вработени од ЕУ“, рече Бери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП