28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој високо лета... страшен пад на биткоинот

Кој високо лета… страшен пад на биткоинот

За биткоинот оваа 2018 година очигледно е страшна. Во текот на вчераниот ден оваа валута падна под нивото од 7.000 долари.

Тоа значи дека оваа виртуелна валута опаднала за околу 50 проценти од почетокот на годината, бидејќи, да се потсетиме, пред четири месеци со неа се тргуваше за близу 20.000 долари.

Најновите загуби следеа како реакција на забрзаната регулација на криптовалутите која е најавена во Европа и Азија.

Во Јапонија оваа недела се затворија две виртуелни платформи за размена на валути поради се поголемата контрола на финансиските регулатори во земјата. Две такви компании не успеаа да обезбедат лиценца од Јапонската агенција за финансиски услуги.

Јапонија е една од земјите во кои минатата година експлодираше трговијата со биткоинот и другите дигитални валути.

Другите популарни виртуелни валути, како што се етерумот и риплот, исто така неодамна забележаа пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП