12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна петтата генерација на Subaru Forester (фото+видео)

Пристигна петтата генерација на Subaru Forester (фото+видео)

Светската премиера на петтата генерација на „Subaru Forester“ се одржа за време на автосаемот во Њујорк. Кросовер добил променета надворешност и нов 2,5-литарски „боксер“ мотор. За прв пат во историјата возилото е опремено и со систем за препознавање на заморот кај возачот.

Новиот „Forester“ е изграден на модуларната платформа „Subaru Global Platform“ (SGP), која се карактеризира со понискиот центар на гравитација и цврстата конструкција. Истата шасија е во основата на последните генерации на „Impreza“ и „XV“.

Должината на кросовер е 4.625 мм (+15 мм во споредба со претходната генерација), ширина од 1.815 мм (+20 мм), висина од 1.730 мм (-5 мм) и меѓуоскино растојание од 2.670 мм (+30 мм). Минималната оддалеченост од тлото е 220 мм.

Под капакот на „Forester“ е поставен 2,5 литарски „боксер“ со 4 цилиндри и систем за директно вбризгување на горивото. Моторот е речиси нов, бидејќи 90% од елементите му се променети. Моќта е 185 КС и 239 Нм, а се комбинира само со вариатор „Lineartronic“.

Динамичките карактеристики на моделот засега не се познати. Претходната генерација со 2,5-литарски „боксер“ забрзуваше од 0 до 100 км/ч за 9,8 секунди и постигнуваше максимална брзина од 197 км/ч.

Новиот „Subaru Forester“ е опремен со симетричен систем за погон на четири тркала со вектор на потисок и теренски режим „X-Mode“. Возачот има на располагање неколку режими на електрониката, кои се префрлуваат со помош на системот „SI-Drive“.

Промените во кабината вклучуваат поставување на нови централна консола, инструмент панел панел, блок за управување на системот за климатизација и волан. Седиштата се со нов профил, благодарение на кое поставеноста им е променета и е постигната подобра прегледност. Материјалите се исто така со повисок квалитет.

Во опремата на кросоверот влегуваат мултимедијален систем со 8-инчен дисплеј, компатибилност со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, пристапна точка „Wi-Fi“, систем за стартување на моторот од далечина, електрична задна врата, 7 воздушни перничиња, систем за автоматско кочење при возење наназад, адаптивни светла, функција за автоматско управување на долгото светло и корпоративниот комплекс од системи за безбедност „EyeSight“.

Продажбата на новиот „Forester“ на пазарот во САД стартува уште во текот на летото. Цените на моделот допрва треба да бидат објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП