27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСе наоѓа позади Apple и Samsung, но бележи неверојатен раст

Се наоѓа позади Apple и Samsung, но бележи неверојатен раст

Профитот на кинескиот производител на паметни телефони и телекомуникациски уреди, Huawei Technologies, скокна за 28,1 отсто во 2017 година.

Компанијата соопшти дека остварила профит од 47,5 милијарди јуани (7,6 милијарди долари) минатата година, што е значително подобрување во однос на претходната година, кога профитот се зголемил за само 0,4 отсто поради растот на трошоците за истражување и маркетинг.

Трошоците за истражување и развој се зголемиле за 17,5 отсто во 2016 година на 89,7 милијарди јуани (14,3 милијарди долари).

Вкупниот приход на Huawei минатата година се зголеми за 15,7 отсто во однос на 2016 година на 603,6 милијарди јуани (96,2 милијарди долари).

Компанијата со седиште во градот Шенжен во јужна Кина е трет по големина продавач на паметни телефони, зад јужнокорејската Samsung Electronics и американскиот Apple. Таа, исто така, се натпреварува со шведскиот Л.М. Ериксон за статус на најголемиот производител на мрежна опрема што ја користат телекомуникациските и интернет компаниите.

Смарт уредите на “Huawei” и “Honor” биле испорачани до 153 милиони купци минатата година, чија вкупна продажба достигнала 237,2 милијарди јуани (37,8 милијарди долари), што претставува зголемување од 39,1 отсто, се вели во соопштението на компанијата.

Продажбата на облачни услуги, центарот за пренос на податоци и други производи и услуги на компанијата се зголеми за 35,1 проценти на 54,9 милијарди јуани (8,7 милијарди долари).

Приходите на Huawei во областа на провајдерскиотт бизнис забележаа скромен раст од 2,5 отсто на 297.8 милијарди јуани (47.5 милијарди долари).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП