4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемите авиокомпании сакаат да го променат начинот на летање

Големите авиокомпании сакаат да го променат начинот на летање

Се почести се случаите во кои големите авиокомпании воведуваат ултра долги летови во својата понуда, истовремено обидувајќи се непрекинатото патување, кое во некои случаи трае и повеќе од 12 часа, да го направат поудобно за патниците.

Австралиската компанија „Кантас“, заедно со најголемите производители на авиони „Ербас„ и „Боинг“, работи на „Проектот: Изгрејсонце“ (Project Sunrise), кој треба да овозможи континуиран лет од 20 часа, од Сиднеј до Лондон.

Минатата недела „Кантас“ промовираше нешто пократок лет од Перт до Лондон за време на кој авионот „боинг 787-9 дримлајнер“ за нешто повеќе од 17 часа лет поминал растојание од 14.500 километри.

Дваесетчасовни летови се можни благодарение на современата технологија, но она што е попроблематично е дека луѓето не се носат баш најдобро со толку долги патувања.

Затоа, една од идеите на авиопревозниците е дел од просторот за багаж да го претворат во дел каде што ќе бидат сместени кревети. Постојат идеи во авионите да има простор за вежбање и рекреација, како и места за јадење, слично на купеата во патничките возови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП