16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИзвонредно откритие - галаксија без темна материја

Извонредно откритие – галаксија без темна материја

Откривањето на необичната галаксија со големина на Млечниот Пат, ги доведе астрофизичарите да ги преиспитаат своите ставови. Имено, според првите сознанија, галаксијата NGC1052-DF2 не содржи темна материја.

Ако ова се покаже како точно, тоа ќе биде прва галаксија од ваков вид, составена само од материја. Според сегашните усвоени научни ставови, темната материја е еден од клучните материјални елементи на универзумот каков што го знаеме.

Истражувањето беше објавено во списанието “Nature”.

Авторите на студијата најпрво не бараа галаксија без темна материја. Наместо тоа, требало внимателно да се изучуват големите галаксии.

Кога професорот Питер ван Докум, лидер во истражувањето, првпат ја виде NGC1052-DF2, вели дека е целосно фасциниран.

“Гледав на фотографијата и ѝ се восхитував. Таа делуваше како некој сенишен сјај на небото “, изјави Ван Докум за Би-Би-Си.

Галаксијата има многу малку ѕвезди, а повеќето се групирани во невообичаено блескави кластери. Кога тимот го истражуваше однесувањето на ѕвездените групи, откри дека ѕвездите ја сочинуваат речиси целата маса на галаксијата, што не остава простор за постоење на темна материја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП