29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов смартфон за оние кои не можат да си купат скап телефон...

Нов смартфон за оние кои не можат да си купат скап телефон (видео)

Кинеската компанија „Huawei“, покрај актуелното претставување на новата премиум линија „P20“ модели, и „Porsche Design Mate RS“ телефонот, размислува и за корисниците кои не можат да си дозволат или, едноставно, не сакаат да користат смартфон од високата класа.

Па така „Huawei“ го претстави – „Y7 Prime 2018“, подостапен модел наменет за помладите.

Како и другите модели кои ја имаат ознаката „2018“ во името, „Y7 Prime 2018“ имаа однос на страните на екранот 18:9 и е опремен со дисплеј со дијагонала од 5.99 инчи, како и резолуција од 1440 x 720 пиксели.

Новиот „Y7“ има две задни камери со примарен сензор од 13MP и секундарен сензор од 2MP, кој е наменет за „bokeh“ ефекти. Предната камера на телефонот има сензор од 8MP.

Уредот користи чипсет „Qualcomm Snapdragon 430 SoC“, опремен со 3GB RAM меморија и 32GB простор за чување на податоци, кој може да се прошири.

Сензорот за отпечаток на прстот се наоѓа на задната страна на уредот. Тој има три слота за картички, па може да користи две „SIM“ и една „microSD“ картичка во исто време.

„Y7 Prime 2018“ го користи оперативниот систем „Android 8.0 Oreo“ и корисничкиот интерфејс „EMUI 8.0“, додека енергија добива од батеријата од 3.000mAh.

Телефонот ќе биде достапен во црна, сина и златна верзија, сепак цената се уште не е објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП