25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei ги претстави новите Huawei P20 и Huawei P20 Pro (фото+видео)

Huawei ги претстави новите Huawei P20 и Huawei P20 Pro (фото+видео)

Huawei Consumer Bussines Group вчера во Париз ги претстави моделите „Huawei P20“ и „Huawei P20 Pro“.

„Pro“ е првиот телефон со тројна „Leica“ камера, а двата модели поседуваат досега невидени карактеристики на вештачка интелигенција, комбинирајќи технологија и уметност и обезбедувајќи ненадминато искуство во користењето на паметен телефон.

„Инспирацијата за постојан напредок во однос на дизајнот и иновациите секогаш ја бараме во уметноста“, изјави извршниот директор на компанијата, Ричард Ју.

„Серијата „Huawei P20“ е изградена врз темелите на една успешна соработка со „Leica“. Со првата некогаш тројна камера во моделот „P20 Pro“, подобрената двојна камера во моделот „P20“ и моќната вештачка интелигенција во двата уреди, дури и оние клиенти кои бараат многу, може да ги забележат и споделат сите убавината на светот што ги опкружува“.

Двата модели се направени во сосема нови бои – „Twilight“ и „Pink Gold“. Предната страна на новите уреди ја сочинува „Huawei FullView“ дисплеј од 5,8 инчи кај „P20“ и 6,1 инчи кај „P20 Pro“, со заоблени рабови за неверојатно комфорно држење и користење на телефонот, ултра тенката рамка, импресивниот сооднос на екранот и куќиштето на телефонот за подобро доживување при гледање во екранот и повеќе содржини на него, без разлика дали читате или играте игри.

Куќиштето на моделот „P20“ се состои од алуминиумска рамка и две стаклени површини. Во „Huawei“, особено се горди на сината боја која се прелева, односно менува во зависност од аголот на паѓање на светлината. Кога зборуваме за куќиштето, треба да се каже дека „Р20 Pro“ доаѓа со „IP68“ сертификат за отпорност на вода и прашина, а „P20“ со „IP53“, отпорност на прскање.

Во него се наоѓа процесор „Huawei Kirin 970“ во комбинација со 4 GB RAM меморија. Батеријата доаѓа со капацитет од 3400 mAh, што е прилично добар резултат во однос на елегантното куќиште со дебелина од само 7,65 mm.

Од друга страна, поголемиот модел, „Huawei P20 Pro“, доаѓа со „AMOLED“ екран со дијагонала од 6,1 инчи и истиот сооднос од 18,7:9 (2240 x 1080 пиксели). И него како и „Р20“ го карактеризира „забот“ на врвот од екранот, процесорот „Kirin 970“, но со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Бидејќи е физички поголем, тој исто така е опремен со помоќна батерија, дури од 4000 mAh. Дебелината на куќиштето е само 7,8 милиметри.

Двата модели се опремени со „Huawei SuperCharge Rapid Charging System“ за брзо полнење.

Камерата е вистинска револуција

Серијата „Huawei P20“ содржи напреден интелигентен систем за камерата, кој на корисниците им носи извонредни можности за подобрување од секој аспект на паметните фотографии за што е доказ највисоката севкупна оценка од страна на „DxOMark’s“.

Серијата „Huawei P20“ донесува подобрен систем на камери кој овозможува поголем прием на светлина и детали за подобра слика, со револуционерната „Leica“ тројна камера и петкратниот хибриден зум во моделот „P20 Pro“ и „Leica“ двојната камера во моделот „P20“.

Иновациите во фотографирањето се темелат на вештачката интелигенција, односно „Master AI“, кој овозможува професионално фотографирање и „Huawei AIS“, кој обезбедува моќна стабилизација.

„Huawei P20 Pro“ има тројна „Leica“ камера со најголем број на пиксели споредбено со сите паметни телефони на пазарот – 40MР RGB сензор, 20MP монохром сензор и 8MP сензор со телеобјектив, како и леќа со сензор за температура на боја за уште подобра репродукција.

Со отвор на блендата од f/1,8, f/1,6 и f/2.4 за снимање на јасни, остри детали, совршена бистрина, „Huawei P20 Pro“ поседува и сосема нова „Leica“ леќа со троен оптички зум (VARIO-SUMMILUX-H 1:1.6-2.4/27-80ASPH), која овозможува снимање од голема далечина еквивалентно со пет пати хибриден зум, како и специјално чувствителен сензор за снимање во услови на недоволна осветленост по „ISO 102400“ стандардот.

„Huawei P20“ се потпира на цврстите темели на неговиот претходник со сосема нова „Leica“ двојна камера со 12 MP и големина на пиксел од 1.55 μm, како и црно-бела монохроматска леќа од 20MP, која овозможува снимање во услови на слаба осветленост.

Уредите од серијата „Huawei P20“ имаат стабилизација по шест-оски и напредно бавно снимање од 960fps, што е 4 пати повеќе од стандардните 240 fps и доловува детали кои се невидливи со голо око.

Со режимот „UltraSnapshot“, овој уред може да направи слика за само 0,3 секунди со едноставен двоен-клик на копчето за намалување на тонот, дури и кога екранот е исклучен.

„Huawei AIS“ (AI Image Stabilization) ги стабилизира ноќните фотографии од рака што резултира со фотографии со одличен квалитет, дури и без користење на статив. Најновото достигнување на подобрената камера е и „4D“ леќата со способност за предвидување. Во овој режим, апаратот детектира објекти кои се движат и се фокусира на нив, со цел да се фатат што е можно повеќе детали во движење.

Уште една новина во серијата „P20“ е опцијата „AI“ – „Assisted Composition“, која дава интелигентни предлози за изработка на групни фотографии и пејсажни фотографии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП