21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот адут на Apple би можел да биде поевтин од iPhone X

Новиот адут на Apple би можел да биде поевтин од iPhone X

„Apple“ оваа есен планира да претстави три нови паметни телефони: наследникот на актуелниот модел „iPhone X“, потоа големиот 6.5-инчен модел под името „iPhone X Plus“ и третиот, поевтин модел со 6.1-инчен „LCD“ екран.

Евтиниот „LCD iPhone“ би требало да има почетна цена од околу 700 долари, и да ја предводи целата нова линија на „iPhone“, со околу 35 до 50 проценти според проценките на аналитичарите од компанијата „RBC“.

Наследникот на „iPhone X“ ќе биде попристапен од верзијата која ја заменува, а неговата цена би требало да биде 899 долари.

Последниот во линијата, „iPhone X Plus“ најверојатно ќе чини 999 долари.

Сите наведени информации, меѓутоа, се уште во доменот на шпекулации, бидејќи од официјалната објава на следната генерација на „iPhone“ не дели уште околу половина година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП