Компанијата „Toyota“ го прекина производството на својот модел „Avensis“. Тој се составуваше само во фабриката во Бирмингем (Велика Британија), но овој процес заврши, вели „Autocar“.
Одлуката да се откаже од „Avensis“ беше донесена поради континуираното намалување на сегментот во Велика Британија. Минатата година, „Toyоta“ продаде 28% помалку од моделот, во споредба со 2016-та – 2.500 единици. За споредба, лидерите во класата – „VW Passat“ и „Skoda Superb“ – забележаа продажба од 183.200 и 81.400, соодветно.
Неговите најдобри перформанси на пазарот „Avensis“ ги оствари во 2004-та година. Тогаш моделот продал 143.000 единици. Самиот модел се појави во 1997-ма година и досега доби три генерации, при што последната имаше два редизајни.
Раководството на „Toyota“ сè уште не одлучи дали ќе понуди наследник на „Avensis“ или на крајот ќе се откаже од седанот од „D“-сегментот во својот опсег за Европа.