21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗГрафик на денот: Најдобрите брендови на автомобили во светот

График на денот: Најдобрите брендови на автомобили во светот

За секој човек, индивидуалните марки на автомобили како „Ford“, „Tesla“ или „Lexus“ значат нешто различно. И покрај различните лични асоцијации кои ги имаме за автомобилските брендови, интересно е да ги погледнеме во поголем обем.

Така, невладината организација „Consumer Reports“, одлучи да ги сумира потрошувачките расположенија во рангирањето за тоа кој бренд ги произведува најдобрите автомобили во светот, визуелизирано од „Visual Capitalist“.

Повеќето компании имаат барем еден голем модел на автомобил, но не многу од нив се способни да ги задоволат своите корисници на исто високо ниво секој пат, посочуваат од организацијата.

Со цел да се справат со овие разлики, тие ги сумираат податоците за бројни модели на секој од тестираните брендови, како и личното мислење на потрошувачите на над 640.000 возила, дополнети со теренски тестови.

Организацијата, исто така, користи три различни показатели – првите две се базирани на задоволството на клиентите и се веродостојни, а постои и севкупен резултат кој ги комбинира двете погоре заедно со тестовите за возилото.

Оваа година, првото место во рангирањето е за новиот луксузен бренд на „Hyundai“ – „Genesis“, кој успеа да го отстрани водечкиот „Audi“ од лидерската позиција. Германскиот производител оди на второто место, по што следи „BMW“, кој минатата година успеа да го задржи своето трето место. За разлика од германските компании, кои биле тестирани со осум модели, „Genesis“ е тестиран со само два, а разликата меѓу трите компании е само една точка.

Веднаш зад нив се „Lexus“ и „Porsche“, кои заработуваат вкупно 77 поени, шестото место е за јужнокорејската компанија „Kia“, а седмата позиција е за јапонскиот „Subaru“. Потоа следи американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“, кој собра вкупно 74 поени, а првите десет завршуваат со уште две јапонски компании – „Honda“ и „Toyota“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП