19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFace ID зa Android телефоните нема да биде ист како оној за...

Face ID зa Android телефоните нема да биде ист како оној за iPhone X

Новиот извештај укажува дека производителите на „Android“ уреди мораат да почекаат уште некоја година за претставување на уреди со „3D-sensing“ можности.

Кога ќе се појават овие уреди, тие можеби нема да бидат телефоните „Galaxy“ или „Pixel“, а можеби на самиот почеток нема да бидат претставени ниту на интернационалните телефони.

„Samsung“, кој е еден од поголемите производители кој се уште не го клонирал „iPhone X“, можеби нема да биде ниту првиот производител на „Android“ уреди кој ќе претстави телефо со „3D“ можности за препознавање на лица.

Според аналитичарот Минг-Чи Куо, „Huawei“ е моментално најдобро позициониран да го испорача споменатото решение, иако компанијата користи други вид технологија во однос на „Apple“. Куо истакна дека „Huawei 3D-sensing“ телефоните може да се појават веќе следната година.

Во почетокот компанијата ќе користи структурирано светлосно решение како „TrueDepth“ камерите на моделот „iPhone X“. Потоа до вториот или третиот квартал од нареднат година ќе се префрли на поевтини и помали „time-of-flight“ (TOF) решенија. „TOF“ ќе стане избрната технологија за препознавање на лица. „TOF“ системот ќе го замени структурираното светлосно решение за три до шест месеци по почетокот на сериското производство.

„TOF“ телефоните генерираат длабонско мапирање на лицата така што сметаат колку време е потребно светлосниот плус се одбива од површината на лицето. Само за споредба, системот на „Apple“ – „TrueDepth“ камерите користат посебен „VCSEL“ модул, кој проектира 30.000 инфрацрвени точки на лицето на корисникот. Камерата користи матрица, а потоа софтверот се користи за креирање на отпечаток на лицето на корисникот кој е доволно безбеден да се користи и за отклучување на „iPhone“, но и за проверка на идентитетот за плаќање со мобилен уред и слично.

Моменталните решенија за отклучување со помош на лице на „Android“ се примитивни и му овозможуваат на корисникот само да го отклучи уредот. Поддршката за плаќање со мобилен уред не е вклучена, затоа што некои од тие уреди може да бидат хакирани со обична фотографија на корисникот.

Една од причините, поради кои производителите на „Android“ уреди не можат лесно да го копираат „Face ID“. „Apple“ го заштити овој пазар преку различни договори, со тоа осигурувајќи да има доволно залихи за следните генерации на „iPhone“. Се очекува дека сите три модели на „iPhone“ за 2018-та ќе имаат ист дизајн, заедно со „TrueDepth“ функциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП