5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Создаваме услови за раст на платите и унапредување на животниот стандард...

Тевдовски: Создаваме услови за раст на платите и унапредување на животниот стандард на граѓаните

Вчера министерот за финансии Драган Тевдовски одржа прес конференција на која се осврна на состојбите со растот на платите во државата, како клучни во економската програма на Владата на Република Македонија за унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Тој информира дека „Според последните податоци за државниот завод за статистика, во месец јануари просечната плата за прв пат надмина 24 000 денари и таа изнесува 24 025 денари. Во споредба со јануари минатата година тоа е раст од 1 275 денари, односно 5.6%. Ова е најголем годишен раст на платите од 2010 година.

Тевдовски посочи дека особено е важно што е забежен пораст на примањата во текстилната индустрија, индустријата за производство на облека и производство на кожа, за коишто во минатото постоеше второ пониско ниво на минимална плата. Според Тевдовски ова се практично дејностите кадешто мерката за зголемување на минималната плата донесена во септември најдиректно влијаеше.

„Во кожарството има раст на просечната плата од 2 171 денар, или 19 проценти. Во производството на облека растот на просечната плата е 2 069 денари – тоа е раст од 16 проценти. Во текстилната индустрија платата расте за 24 отсто, односно за 3 870 денари.“, рече Тевдовски.

Тој додаде дека во минатото постоеа две нивоа на минимална плата: за индустриите за текстил, облека и кожа од 9 000 денари, а за сите други 10 080 денари. Министерот истакна дека сега минималната плата е 12.000 денари и важи за сите – бидејќи сите граѓани и работници подеднакво заслужуваат достоен живот.  Тевдовски појасни дека над 90.000 граѓани со низок доход примаат повисока плата благодарение на оваа мерка.

Според последните податоци за државниот завод за статистика, во месец јануари просечната плата за прв пат надмина 24 000 денари и изнесува 24 025 денари, што во споредба со јануари минатата година претставува раст од 1 275 денари, односно 5.6 проценти. Ова е најголем годишен раст на платите од 2010. година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП