9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda во офанзива – 19 модели во следните 24 месеци

Škoda во офанзива – 19 модели во следните 24 месеци

Чешкиот производител „Škoda“ го следи амбициозниот план на „Volkswagen“ и најавува речиси по еден нов модел на автомобил месечно во следните две години.

Раководството на компанијата од Млада Болеслав по рекордната година по бројот на продадени возила (1.200.500) со големи амбиции влегува во следниот период.

Од „Škodа“ најавија преставување на 19 нови модели (во кои се вклучени и редизајни на возила од актуелната понуда) во следните две години.

Оваа серија би требало да ја отворат електричниот „Citigo“, хибридниот „Superb“, како и „Vision X“ кој е претставен како концепт на саемот во Женева и е солуција на „Škodа“ во класата на кросовери од „B“ сегментот.

„Superb“ аa 2019-та ќе биде првиот хибриден модел на „Škodа“ кој ќе ја дели погонската основа со „Volkswagen Passat GTE“.

Првиот исклучиво електричен автомобил на „Škodа“ ќе биде малиот градски модел наречен „Citigo“, кој исто така на пазарот ќе се појави во текот на следната година.

„Škoda“ планира до крајот на оваа деценија во понудата да има десет автомобили на електричен и хибриден погон.

Автомобилите од Млада Болеслав во следните години наместо во досегашните 102 земји ќе може да се купат во 120.

Нормално, Чешка, како и Германија и Кина ќе останат најважните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП