
Јапонскиот гигант „Toyota“ пред саемот за автомобили во Њујорк ја претстави новата генерација на својот најпопуларен модел „Corollа“.


Јапонскиот гигант „Toyota“ пред саемот за автомобили во Њујорк ја претстави новата генерација на својот најпопуларен модел „Corollа“.
Најпродаваниот автомобил на сите времиња го доби своето 12-то издание кое е изработено на нова платформа, а особено го одликува спортското управување и многуте технологии.

„Corolla“ хечбек е „спакувана“ за американскиот пазар и претставува речиси идентична реплика на „Auris“, кој се обидува да ја освои Европа во овој сегмент на компактни возила.
„Toyota“ тврди дека нејзиниот нов хечбек благодарејќи на „TNGA“ платформата и спортски задна суспензија е позабавна за возење.
Новата „Corolla“ е пониска, поширока и подолга и пред се поатрактивна од моделот „iM“ кој го наследува на пазарот.

Светслосните групи се поизразени, линиите на каросеријата се покарактеристични од претходно, а агресивниот изглед дополнително ги нагласува аголните стоп-светла и закривениот заден дел.
Што се однесува до погонот, „Toyota“ се одлучи се ослободи од турбополначот, па под хаубата ќе се најде и 2.0-литарски четирицилиндарски агрегат.
Се уште нема детали за моќта, перформансите и ефикасноста, но се очекува да биде на повисоко ниво во однос на „Corollа iM“ за 2018-та која имаше 137 KS и 170 Nm вртежен момент.

Новиот мотор во оваа „Corollа“ најверојатно е помал, полесен и порафиниран од 1.8-литарскиот кој го менува.
Што се однесува до внатрешноста, „Toyota“ не изненади премногу, тука се нејзините препознатливи детали, а особено се истакнува 8-инчниот екран на мултимедијалниот ситем кој е сместен високо во средината на предната табла.

Вклучени се стандардните безбедносни системи, како автоматско сопирање при детекција на пешаци, адаптивниот темпомат, предупредувањето за напуштање на лентата…
Со моделот за 2019-та стандардно доаѓа и задна камера. „Toyota“ не ги соопшти деталитеза цените, ниту и кога новата „Corolla“ официјално ќе се најде на пазарот.