29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД Европа Скопје со зголемена добивка за 2017 година

АД Европа Скопје со зголемена добивка за 2017 година

Во периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година, компаниите во група АД Европа остварија нето добивка во износ од 50.266.155 денари и е повисока во однос на претходната година кога изнесувала 25.320.037 денари и е повисока за 98,5 отсто.

Во 2017 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 729.082.043,00 денари и се поголеми за 0,1% во однос на истите од претходната година. Приходите од домашен пазар изнесуваат 290.157.562,00 денари и се намалени за 6%, a приходите од странски пазар се зголемени за 5 % и истите изнесуваат 420.533.615,00 денари.

Во 2017 година остварени се вкупни трошоци на износ од 672.630.728,00 денари и во однос на 2016 година се намалени за 4%. Намалување на трошоците има кај потрошокот за суровини за 8,5%и на трошокот за амбалажа за 5,7%, трошокот за електрична енергија е намален за 3,5%, трошоците за репрезентација за 29%, додека трошокот за вработени е намален за 4%. Намалување има и кај трошоците за маркетинг за 17,1%, додека зголемување има кај потрошокот за плин за 24,4%, трошоците за вработени се намалени за 4%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП