25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bahn оствари рекордна година со приходите и бројот на патниците

Deutsche Bahn оствари рекордна година со приходите и бројот на патниците

Германскиот оператор ,,Deutsche Bahn” претходната ја заврши со рекодни приходи и зголемен број на патници, но слаба страна е доцнењето на возовите како последница на лошите временски услови, покажуваат деловните резултати.

Државното железничко претпријатие во 2017-та година забележа зголемување на бројот на патници за 3,2 милиони во споредба со 2016-та година во која имало приближно 142 милиони патници во Германија, стои во извештајот.

Во исто време, приходите од групацијата се зголемиле за 5,2 % на 42,7 милијарди евра, а нето добивката пораснала за 6,8 % на 765 милиони евра.

„Дадовме ветување во врска со финансиските резултати и го исполнивме“, изјави извршниот директор Ричард Луц.

Меѓутоа, тој исто така додаде – „задоволувачката бројка не го исклучува фактот дека мораме да се фокусираме не само на услугата туку и на квалитетот и точноста“.

Исто така, од компанијата известија дека во претходната година околу 94,1% од услугата била извршени во рок од пет минути од планираното време.

Сепак, во водечката долга линија, овој процент падна на само 78,5 %, а причината за силните есенски бури и почетоците на клучната нова брза линија помеѓу Берлин и Минхен.

Подобрувањето на точноста, ќе биде клучно за постигнување на целта за удвојување на бројот на патниците до 2030-та година што е предложено од канцеларката Ангела Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП